Јовановски за вчерашната дебата: Пендаровски се однесуваше како незрело дете

„Успеаја ли кандидатите да ги убедат неопределените?“ е денешната тема на „Отворено“ на Алфа телевизија. Гости на Искра Коровешовска се аналитичарите Арменд Нухиу и Зоран Јовановски, кој ја искоментира и претседателската дебата од вчера, упатувајќи критика кон кандидатот Стево Пендаровски.

-Генерално кандидатите се однесуваа доста коректно досега, освен онаа вчерашна дебата, каде што малку си дозволија повеќе. Пред се главен иницијатор беше Стево Пендаровски, кој што многу непарламентарно се вмешуваше, влегуваше во збор на останатите кандидати. Практично тие не можеа од почеток до крај на раат да ја завршат мислата, изјави Зоран Јовановски, кој во минатото беше активист на Шарената Револуција.

Јовановски вели дека во еден момент целата таа атмосфера му заличила како да се на слава.

-Стево Пендаровски почна да им се обраќа на сите со „ТИ“, а овие отворат уста ги прекинуваше, како малце и пивнат да е на таа слава, како дете незрело, како црвци го задникот. Тоа малку ме изненади, изјави Јовановски.