});

Јелена Розга несреќна во љубовта: Немам магично стапче за мојот Далматинец

Хрватската пејачка Јелена Розга се чини дека нема многу среќа во љубовта. Сите нејзини долги врски завршувале со раскинување, а нејзините сакани по тоа стапувале во брак со други жени.

Таа вели дека во моментов е сама, но признава дека и треба маж покрај себе кој се уште не го нашла.

-Ми недостасува љубов, но сега во овој момент од животот повеќе ми одговара мојот мир и мојата самотија. Немам магично стапче, има време, ќе се случи сигурно. Јас сум Далматинка, јас би сакала Далматинец, ама се уште не сум го нашла, изјавила Розга во една емисија.