Ја мерка ли Заев претседателската фотеља ?

Многу е веројатно премиерот да се кандидира за шеф надржавата, велат високи извори во владината коалиција за Алфа. И покрај тоа што Заев, пред неполн месец, се изјасни дека има подобри кандидати од него, и оти имал намера да си остане на премиерската функција до крај на мандатот, неговите коалициони партнери не се убедени во неговата искреност. Нашите извори велат дека се погласно меѓу партнерите во власта се дискутирало ова прашање. Односно дека многу е веројатно дека тој ќе одигра слично како Вучиќ во Србија, кој до последно тврдеше дека нема да учествува во претседателската трка.

Вчера, коалициониот партнер на Заев, лидерот на ЛДП Милевски му порача декa e можно неговата партија да ја трка претседателската рута сама,со сопствен кандидат. Неофицијално кандидатот е одбран, само се чекалоконечното изјаснување на премиерот дали сепак ќе одлучи да се бори за шеф надржавата.

Но ова не е единствената раздвојна линија на ЛДП од СДСМ. Имено лидерот Милевски, кој вчера беше одново избран за прв човек на партијата, јавно упати критички пораки до Заев.

Но незадоволството од политиките на Заев, според извори на Алфа има и меѓу останатите коалициони партнери: особено НСДП, партијата наТурците, како и оние од десниот блок – ДОМ, партијата предводена од Стојанче Ангелов. Разочараноста била заради кадровските решенија: СДСМ не делела со нив од шлагот наречен вработувања и владејачки привилегии, односно „мислеле само засебе“, велат нашите извори.

Што се однесува до претседателската кандидатура на Заев, најповеќе се крена прашина по последните анкети, кога неговиот рејтинг и рејтингот на неговата партија скокна многу високо помеѓу албанската заедница. Во тој момент беше прилично дискутабилно – споредено со референдумскиот резултат, кога албанските гласачи не ги исполнија очекувањата на власта,односно не излегоа во процентот кој владата го имаше како проценка.

Неколку дена потоа Заев демантираше, но албанската опозиција и неговиот партнер Ахмети, се прилично воздржани на прашањето премиерот да биде консензуалниот кандидат за шеф на државата. 

Искра Коровешовска