Јаулески: УМС е семејство, УМС е силата, енергијата и надежта на ВМРО-ДПМНЕ

Под паролата „Енергија, надеж, иднина“ денеска се одржа 31-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Околу значењето на Унијата на млади сили гостин во вестите на Алфа во 14:30 беше поранешниот претседател на младината на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

-Ако за постарите генерации во ВМРО-ДПМНЕ викаме дека се искуството, за УМС велиме дека е енергијата на партијата и неиспцрпен кадровски потенцијал од кој произлегуваат многу кадри кои понатаму го даваат својот придонес во градењето на Република Македонија. УМС е силата, енергијата и надежта на ВМРО-ДПМНЕ, еден од главните столбови на партијата, изјави Јаулески.

Јаулески вели дека УМС е отворено за секој млад.

-УМС е едно семејство каде што се вградени индивидуи со многу силен капацитет, од каде што произлегуваат многу идеи и млади луѓе кои што се желни да се борат за подобро утре. За жал ситуацијата со младите во моментов е навистина апатична. Според последниот попис имаме 17 проценти на млади од 15 до 29 години, уништен студентски стандард, руинирани студентски домови. Се што им беше ветено на младите не беше исполнето, но верувам дека додека постојат вакви млади луѓе што се борат, како Сергеј Попов, како неговиот тим, како сите членови УМС и сите оние кои не се членови, а бараат подобро утро, сметам дека во ВМРО-ДПМНЕ можат да најдат најдобар партнер младите, изјави Јаулески.

Со Јаулески разговараше Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести