});

Прилепските градски власти чествуваа 106 години од раѓањето на Методија А. Ченто

Ако на 24-ти јули, од прилепските градски власти беше „заборавена„ 61-та годишнина од смртта на првиот Престедател на НР Македонија, Методија Андонов Ченто, па под силниот пристисок на јавноста и на семејството, официјално беше одбележана дури доцна попладнето и без присуство на медиумите, денеска, на 106-тата годишнина од неговото раѓање, градските власти се корегираа. Делегација од ЛС положи свежо цвеќе пред споменикот на Ченто, во центарот на Прилеп.

На денешното полагање цвеќе немаше претставници од семејството. Инаку, 106-тата годишни од раѓањето на М.А.Ченто, оваа власт ја одбележува на само пет дена пред почетокот на судењето на неговиот правнук, Јане Ченто, кој е еден од осомничените за настаните од 27-ми април во макадонското Собрание. Актуелната власт Јане Ченто го товари за „тероризам„ и тој, од ноември минатата година се наоѓа во затворот во Шутка.Пред еден месец, ОЈО му го одби барањето на Јане да биде вратен во домашен притвор, кој пак му беше прекинат во април годинава врз база на лажна изјава дадена од извесен полициски службеник, по што Јане повторно беше вратен во Шутка.

Каролина Дурло