Јаневска за Алфа: Ако образовниот систем не претрпи сериозни и длабински измени, учениците ќе се „доосакатат“

Ако образовниот систем не претрпи сериозни и длабински измени, учениците и во иднина ќе се соочуваат со лош успех и ниски оценки, вели за Алфа професорката Весна Јаневска по скандалот со примениот испит во „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех. Просветарите велат дека и наставниците и родителите мора да посветат повеќе внимание на процесот, и потребна е итна департизација во образованието, а не да им се поклонуваат оценки на учениците, кои наместо добро, им прават поголема штета на децата.

  • Jaс сметам дека потребно е сега и веднаш да почне целосна департизација во секторот образование односно влијанието на политиката да се сведе на минимум во образовните институции. Децата, родителите, наставниците, сите заедно да придонесат за тоа. А не преку врски да им се даваат само петки, кои на учениците ќе им донесат само штета и ништо повеќе. Само на тој начин би можеле да добиеме образование кое ќе почне да наликува на високо развиените држави. Сите овие случувања во образованието, но и во општеството предизвикуваат намалување на мотивацијата за работа кај работниците, а тоа се пресликува кај учениците, вели меѓу другото за Алфа професорката Весна Јаневска.

Поврзани вести