Јанакиески повторно заврши во болница

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески повторно заврши во болница.

Во телефонски разговор за Алфа, неговиот адвокат Александар Новаковски вели дека тој е префрлен во болница, поради можна интервенција во текот на утрешниот ден, поради тоа што мината недела имал лекарски преглед,во кој што бил направен преглед каде било дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.

Инаку поради проблеми со бубрезите, Јанакиески и пред нешто повеќе од 10 дена заврши во болница