Јакимовски да не манипулира и да ја почитува вољата на граѓаните на Карпош

Врие и во општина Карпош каде граѓаните се кренаа против планот на локалната власт предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски за детален урбанистички план кој предвидува бетонизација-уништување на зеленило и парк, за да се изградат повеќе објекти, изградба на улици, проширување на булевари. Протестот на граѓаните поддржани од советниците на ВМРО-ДПМНЕ спречија да се изгласа спорниот детален план, кој Јакимовски го повлече од дневниот ред. од ВМРО ДПМНЕ бараат докрај да се спроведе законот и да се испочитува волјата на граѓаните.