Јадење тостови, сендвичи, па играње фудбал и скокање како мало дете- Ковачевски во очајнички обид да си го спаси рејтингот, ако може нешто да се спаси

Играње фудбал и радување како мало дете, јадење тостови, па потоа и сендвич со мортадела. Користење најобичен народен речник на секојдневните партиски настани.

-И да им порачам од тука, моја Славјанка времи повеќе од цел извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно. Стани Цаци да те види сала, кажа Ковачевски.

Ова последниов период стана премиерот Димитар Ковачевски, нешто што воопшто не беше случај ако се вратиме месец или два наназад. Според познавачите причината за ваквата промена кај премиерот е обид колку толку да го крене рејтингот, кој е во слободен пад.

Според аналитичарот Синиша Пекевски, ова е само очаен обид за собирање политички поени, на начин Ковачевскии да се покаже како обичен човек. Но и не само тоа, туку обид да се затскријат сите катастрофални политики на власта последниов период.

-Втората работа е од толку многу кризи што се случуваат во Македонија и имаме буквално скандали секој ден од различен аспект. Он сака да се покријат дел од тие скандали преку креирање на вести, каде што медиумите кои се блиски до власта или блиски до владејачките партии креираат позитивни импресии дека премиерот е меѓу граѓаните и дека работи нешто, изјави Пекевски за Алфа.

Последните анкети покажуваат дека власта има двојно полош рејтинг од опозицијата, што според познавачите е и очекувано со оглед на катастрофалните економски и надворешни политики последниов период.

Според новинарот Дарко Јаневски ова претставува обид на Ковачевски да го крене заспаното партиско членство, но не верува дека во тоа ќе успее, потенцирајќи дека ваквата ПР политика била и повеќе од лоша.

-Се обидува малку да го поткрене членството кое што е во некаква апатија и страв дека рејтингот веќе подолго време им е под 10 проценти. Од друга страна се обидува кај неутралните да покаже дека е народен човек, дека е човек од народот. Него и природно и речникот му е таков. Не верувам дека ќе успее, ПР-от му е страшно лош и начинот на кој што тоа е катастрофално погрешно одбран, вели Дарко Јаневски за Алфа.

И двајцата се на ставот дека Ковачевски може и да има, но само кај партиското членство, а не и кај неопределените граѓани.

-Меѓу обичните граѓани нема теорија да се случи, повеќе е за нивното членство да се зајакне да се сплоти, да се покаже дека се тука. И тоа му е претпоставувам една од главните цели зошто сето тоа го прави, изјави Кепевски.

-Се додека е ваква инфлацијата, поскапувањата, се додека по школите парното е пуштено на минимум за да се штеди, иако се тие под надлежност на општините, вината во крајна линија оди по нагорна линија до Владата и до него лично. Се додека постои оваа состојба тој не може ништо да направи.  Тоа е една катастрофа, дупликат на Заев од најкомичните времиња, вели Јаневски.

Инаку, според неофицијални информации на Алфа, промената на потезите на Ковачевски, се должи на промената на ПР стратезите. Според нашите информации тој ангажирал маркетинг компанија од Израел чија цел е да помогне во кревањето на неговиот и општо рејтингот на власта.

Матеја Петровски

Advertisements