Јадат скапи бифтеци во владините златни чинии, па дома си одат со нови службени скапи и лускузни автомобили- ветуваа штедење практикуваат луксузирање- што се си купува оската СДСМ- ДУИ?

-Затоа ви ветувам ќе го демонтираме комодитетот на власта со расфрлање народни пари, ветуваше Заев.

За 240 чинии 14 илјади евра, над 1.000 евра за 125 ножеви, за 190 вилушки- 1.400 евра, 60 лажици за 450 евра и 60 кристални чаши за 330 евра. Ова е само една од јавните набавки на Владата, која ветуваше крај на луксузирањето.

Навикнувањето на скромност од владините фотелји очигледно не оди лесно. Па се спродевуваат и јавни набавки за полнење на скапо платениот прибор за јадење. Премиерските и министерски стомаци преку чиниите вредни цело богатство се полнеа со млад јунешки бифтек и јунешки рамстек, платен 50.000 евра народни пари.

Владата мисли и на своите функционери, кои сакаат морска храна. Па во септември годинава, кога цел владин кабинет ги повикуваше обичните луѓе да штедат, платени беа повеќе од 20.000 евра свежа и замрзната риба, октоподи и морски плодови.

По убавата закуска најубаво е дома се замине со луксузен автомобил, на пример Пасат од 45.000 евра. Од Илинденска пред една година набавија 45 такви за потребите на Владата. Луксузните и скапи автомобили се сосем спротивно од она што се ветуваше во планот за живот на СДСМ во 2016-та година.

-Бројот на возила што ги поседува државната и јавната администрација ќе го намалиме за најмалку 50%, пишуваше во програмта на СДСМ план за живот.

А намерата барем декларативно, беше функционерите да се израмнат со сите други граѓани.

-Директорите на јавните претпријатија и министрите во владата, наместо со службени возила, да одат на работа со сопствен или јавен транспорт, како и секој друг вработен граѓанин, пишуваше во програмата на СДСМ „План за живот“.

Ветување кое сепак остана напишано само на лист хартија, па наместо во автобус, службените возила се користат и во партиски цели. Последниот пример е првиот вицепремиер Артан Груби, кој на партиски состанок дојде со службеното возило.

За ова реагираше и вицепремиерката за добро владеење, ќе побарала објаснување од Артан Груби, а дали првиот вицепремиер и објаснил или воопшто и кажал нешто, останува непознато.

Кога сме кај возниот парк на Владата, уште едно неостварено ветување е и продажбата на фамозниот Мерцедес набавен од претходната власт. Популистичко ветување кое почна да се користи во кампањата за изборите во 2016-та, а се кажува и од прес центарот на Владата. Требаше да биде продаден автомобилот и со парите од него да се купат амбулантни возила. Сепак пет години подоцна, Мерцедесот се уште е на Илинденска.

-Овој Мерцедес е симбол на нерационално трошење на парите на граѓаните на Република Македонија, во едно време кое сакаме да биде оставено зад нас, изјави поранешниот владин портпарол Миле Бошњаковски.

Уште едно неостварено ветување е и поврзано околу мебелот. Иако беше ветувано едно, Владата и Министерствата си подновија со нови фотелји и кожни гарнитури. Со луксузниот и скап мебел на Фејсбук си се пофали Артан Груби, кога се всели во Министерството за политички систем. Уште едно неостварено ветување кога е во прашање скоромноста.

-Нема да се купува нов мебел за опремување на министерските кабинети за време на целиот мандат, пишуваше во планот за живот на СДСМ.

Додека народот едвај собира за кикирики, народни пари се трошеа и за скапи апетисани. Во една јавните набавки, 7.500 евра се потрошија за бадеми лешници, индиски ореви и фстаци.

Матеја Петровски

Advertisements