Јавно Обвинителство: Оформуваме предмет по сторијата на „ИРЛ“ дека скапото лекување во „Жан Митрев“ било непријавена клиничка студија

Лекарски пропусти, нивно заташкување и клинички испитувања без согласност од пациентите. Ова, за време на пандемијата се случувало во Клиниката „Жан Митрев“ открива истражувачката сторија на „ИРЛ“.

Се осеќам излажано, изманипулирано, животот ми е уништен. Во приватното здравство важи само за тој кој плаќа“. Ова се зборовите на Мелита Брезева, сопруга на Никола Брезев – пациент кој починал во клиниката Жан Митрев откако бил примен на лекување од ковид-19. За ИРЛ Брезева раскажува дека лекувањето против ковид-19 почнало добро, но дека нејзиниот сопруг потоа добил редица интрахоспитални инфекции а персоналот почнал да му прави и хемофилтрација на крвта.

Сведоштвата изнесени во емисијата покажуваат кај дел од пациентите со Ковид се појавиле дополнителни болнички инфекции, а клиниката за тоа не ги известувала надлежните институции како што налага законот.

Најголем дел од пациентите биле третирани со хемофилтрација за која плаќале огромни суми на пари а чија ефикасност не е докажана и која не е дел од ниту еден протокол за лекување на Ковид.

Видете, имаше многу пациенти со многу бактерии, значи секојдневно

ИРЛ: Ама ниту еден не е пријавен, господине Митрев, можете тоа да го проверите?

Тоа мора да го проверам, не ми се верува дека не е пријавен… Јас сум сигурен дека се пријавени, меѓутоа ќе проверам“, вели доктор Жан Митрев.

За примената на хемофилтрацијата за лекување на пациенти со ковид-19, Митрев во повеќе јавни настапи по медиуми за време на пандемијата тврди дека тоа е метода одобрена од американската ФДА (Агенција за храна и лекови). Од увидот во одобрението, новинарите од ИРЛ заклучуваат дека методата е одобрена само за исклучително тешки состојби, а не и кај пациенти со лесна или средна клиничка слика.

  • Ние први во болницата почнавме уште многу одамна да го испитуваме интерлеукинот како еден од главните медијатори на активација на инфекција во организмот. Ние тоа го воведовме во секојдневната пракса. И спречувавме да дојде до сепса. Ако веќе сепсата дојде, тогаш и хемофилтрацијата има многу поограничени можности, тврди доктор Жан Митрев.

Дополнително, болницата спроведувала клинички испитувања врз пациентите без да побара согласност од нив или да ги информира. Ниту една државна институција не била информирана за ова.

  • Законот е јасен. За секое клиничко испитување треба одобрение од МАЛМЕД. По здравјето никој не смее да се осмели да се нафати со такво нешто. Без дозвола за возење, да се нафатиш автобус да возиш. Така да, ќе бидат санкционирани најверојатно сите тие институции што ќе презмат на своја рака активности во таа насока“, вели Љирим Шабани, директор на Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

Во документарниот филм на ИРЛ има и интевју и со доктор Жан Митрев. За интрахоспиталните инфекции тој потврдува дека ги имало и иако на моменти не е 100% сигурен, тврди дека ги пријавувале до надлежните институции.

Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражувале и верификувале речиси две години.

Методот на хемофилтрација во клиниката на „Жан Митрев“ се наплаќал од три до пет илјади евра, сведочат пациентите. Велат дека биле приморани да продаваат и имот за да спасат живот, но бадијала. Останале и без пари, и без човек.

  • Операцијата помина добро, но после некое време добил инфаркт и да сме смермни на најлошото, докторите не кажуваат дека добил бактерија, која била сметоносна, таа го докусури уствари. После одам во болницата, и мажот ми лежи во сопствениот измет. Ужасно нешто, вели Мелита Брезева, сопруга на Никола Брезев – пациент кој починал во клиниката Жан Митрев откако бил примен на лекување од ковид-19.

Клиниката Жан Митрев преку соопштение тврди дека станува збор за невистинити квалификации насочени кон намерно уривање на нејзиниот углед, но не реагира на истражувачката сторија туку на објавите на социјалните мрежи.

  • Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогишната успешна работа на Клиничката болница Жан Митрев, каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев.

По објавената емисија, експерсно се огласија од Јавното обвинителство. Велат дека веќе оформиле предмет кој ќе ја испита целата постапка.

  • Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, велат за Алфа од јавното обвинителство.

Поред истражувањето, во текот на 2021 година, стапката на смртност кај пациентите примени на лекување во Инфективната клиника изнесувала 26%. Во клиниката Жан Митрев, каде се применувал методот на хемофилтрација, стапката на смртност кај болните од Ковид-19 изнесува дури 28%.

Додека сето ова се случувало министер за здравство беше Венко Филипче кој поради прогласената вонредна за време на пандемијата имаше одврзани раце да раководи со сите ресурси на здравствениот систем. Тој одбил да даде свое видување на наводите изнесени во медиумите.

Борис Грујоски

Поврзани вести