Јавноста се забавува, опозицијата предупредува дека Богоевски е безбедносен ризик за државата

И по 4 дена откако беше објавена снимката каде пратеникот Павле Богоевски телефонски нарачува недозволена супстанца, социјалните мрежи се уште вријат.
Од вкупно анализирани 1606 спомнувања, на „Твитер“ се појавил дури 943 пати, во медиумите 418 пати, додека најмалку на Фејбук, 245 пати, но во сите артикли е многу негативно коментиран. Ова го покажа сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 14 до 17 мај годинава.
Веќе не е Павле ми пие туку Павле ми шмрка , Павле масло од канабис се мери со кубици се само дел од статусите на интернет, кои се инспирирани од содржината на аудио снимката.
За случајот Богоевски се огласија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека во аудио снимката по која, тврдат од партијата, постои јавно силно сомневање дека Богоевски е корисник на нapкотици односно пcиxoтpoпни cyпcтанци, и признава дека е во контакт со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, кpиминaлнoто пoдзeмje. Богоевски, велат, тргувал на цpниoт пазар на нapкотици, кој е воден примарно од кpиминaлни организации кои можат да претставуваат голем бeзбeднoceн pизик.
Се огласија и од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ кои побараа сите пратеници да подлежат на нарко-тест –, Осумтемина побараа Собранието да овозможи доброволно тестирање за употреба на наркотични средства. Според нив не само народните избраници на ваков тест треба да подлежат и носителите на сите јавни функции….
Иницијативата стигна и собраниската архива, ама спикерот Џафери нема да ја процесуира, оти немало правна основа за тоа.
Иницијативата доаѓа по скандалот со аудио снимката која Богоевски ја потврди како автентична а за која се правдаше дека не нарачувал опојни дроги, туку масло од канабис. Пред два дена колегите од мнозинството највија иницијативи за легализација на марихуаната, а од ДУИ пак најавија и ветинг односно контрола за секој пратеник или функционер за контрола во користењето на наркотици.

Meри Ѓорѓиевска