Јавноста едногласна – Ова е капитулација на Македонија која ќе не чини прескапо

Капитулација и трагедија за Македонија, триумф на неофашистичката политика на Бугарија – лавина реакции по потпишувањето на протоколот.

Историчарката Наташа Котлар за изјавите на министерот Османи вели дека станува збор за тешка демагогија и манипулација. Смета дека власта ја лаже јавноста оти историчарите ќе одлучувале, затоа што тоа е работа на политичарите.

– „Историчарите не одлучуваат, тие истражуваат, проучуваат, докажуваат, утврдуваат, толкуваат, изнесуваат и настапуваат пред јавноста, пишуваат, односно вршат научна дејност. Политичарите се оние кои прават компромиси или превземаат дури и насилнички постапки и при тоа одлучуваат.“ – Напиша Котлар на Фејсбук.

Професорката додадава дека ни се случува фалсификување на македонската историја и самобит, додека пак професорот Рајковчевски од факултетот за безбедност смета оти Бугарија и денес е фашистичка држава, не само историски.

– „Говорот на омраза е државна политика на Бугарија, преовладува во целата содржина на протоколот… Политикантите од СДСМ и ДУИ се во тешка илузија дека ќе се справат со говор на омраза кој покрај индивидуи во Бугарија, го прави и самата таканаречена држава.“ – Пушува на Фејсбук професорот на факултетот за безбедност, Проф. Д-р. Раде Рајковчевски.

Економистот и истражувач, Бранимир Јовановиќ, смета дека ако ова е цената за интеграција во унијата, тогаш таа е прескапа.

– „Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија е трагедија за Македонија и срам за Бугарија и ЕУ. Содржи ревизија на историјата и релативизација на бугарското фашистичко минато, додека целосно го игнорира македонското малцинство во Бугарија. Ако ова е цената за ЕУ, тогаш е просто прескапа.“ – Напиша економски експерт и истражувач Бранимир Јованович на Твитер.

По потпишувањето на билатералниот протокол, власта целосно ја игнорираше како домашната, така и европската академска и експертска јавност која со месеци предупредуваше за штетноста и фаталноста на предлог решенијата за спорот со Бугарија.

Никола Цветкоски

Поврзани вести