Јавните претпријатија на удар – Скапите горива и струја ги носат во долгови

Новите цени на нафтата, но и најавата за повисоки сметки за струја ги заледи јавните претпријатија. На удар ќе бидат помалите, посебно оние кои водата за пиење ја обезбедуваат преку бунарски систем. Се поизвестно е дека новите покачувања ќе ги проголтат платите на вработените, а претпријатијата ќе бидат довени пред колапс ..

  „Ценовниот шок со бензините и нафтата ќе ни направи огромни проблеми , дополнително и најавата за покачување на електричната енергија уште повеќе ќе го задолжи претпријатието бидејќи сме на бунарски систем и водата ја испимпуваме со струја„-изјави Јордан Илиевски, дир.на ЈКПД „Лозово„.

За да се најде излез од кризата,  потребна е итна средба во Влада,  алармираат од Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ од каде што велат дека иако неколкупати барале, досега немат добиено конкретен датум за средба .

  „ Ова е голем проблем и ќе бидат зафатени многу претпријатија, а обемот на средства е толку голем што може да се изнајде решение само со владина помош. Ова се енормни износи и верувам дека ниту една општина нема да може да ги покрие„-изјави Иван Иванов, претседател на Здружението на даватели на комуналнни услуги АДКОМ.

Како евентуален излез од кризата комуналните претпријатија гледаат во враќање  во повластена тарифа, како и помош со кредити за поставување на соларни централи. И покрај лошата финансиска состојба, засега  нема најава за  воведување на рестрикции на вода или несобирање на ѓубрето, објаснуваат од Здружението .

Александра Ристевска

Advertisements