Јавањето како лек за лица со целебрална парализа (Видео)

Хипотерапијата е позната по тоа што делува како терапија за церебрална парализа, мултиплекс склероза, параплегија и многу други пречки во развојот.

Јавањето е лек за душата и за телото, во голема мера влијае врз подобрувањето на квалитетниот живот. Коњот е во состојба да ги почувствува емоциите на човекот и да ја смири смири болката.

На нашите простори се познати неколку случаеви во кои коњите имале лековите дејство. Нактешките моменти дечињата успешно ги пребродиле со помош на коњите.

Движењата на коњите ги стимулираат човечките движења, телото им е потопло, а пулсот е помал одколку кај луѓето. Комбинација на овие фактори влијае врз подобрување на состојбата кај овие луѓе.

Терапијата во просек трае до 40 минути, а секоја програма е индивидуална во зависност од здравствената состојба. Се заснова врз дијагнозата и нивото на болеста на пациентите.

Еден таков пример во кој оваа терапија се користи во поголеми размери е нашиот сосед Србија, во продолжение погледнете како тоа изгледа: