Јабланица соголена- проблем со дрвосечата

Со децении се врши масовна и неконтролирана експлоатација на шумите во Јабланица.На диво се сечат и пустошат шумите посебно во атарот на село Вишни каде има голосек на цели површини. Иако планот за стопанисување со шумата во атарот на ова струшко село, важел  заклучно со мај 2019 година, на терен секојдневно се врши грабеж на огревни дрво, велат мештаните кои информацијата ја добиле од министерство за животна средина.

Од таму добивме инфорамација дека концесионерите што стопанисуваат со шумите во атарот на село Вишни дека нивната коцесија е завршена во 2018 год и дека  до 2028 година нема можност да се издава коцесија за сеча на шумите во вишенскиот атар.Дневни околу 60 камиони поминуваат натоварани со огревно дрво и до сега не се превземат никави активности вели Цветозар Ристески-Претсед.на М.З.Вишни.

Побаравме помош од сите надлежни иституци,но попусто,не само што никој не мрда со прст, тукусе манипулира со добиените дозволи за сечење на дрвото, бидејќи како што велат, постојат случаи на сеча на приватни шуми на веќе починати сопственици.

Во атарот на село Вишни се вади дозвола за сеча на приватни лица кои што се поголем дел од нив починати  и со истите тие дозволи се изнесува друго огревно дрво од државни парцели.На повеќе места се појавени свлечишта рече Никола Кураноски-жител на Вишни.

Со истиот проблем се соочуваат жителите на десетина околни села.Ги прашавме кој профтира од  продажба на стотици илјади метри кубни огревно дрво, без никаков надомест?

Изјава : Тоа се знае, шумската полиција тука ние често пати сме гледале ,полиција има час два, доаѓа пак.Но како што виделе другите дека тие се и главни со тие што сечат дрва.Тоа е по мое мислење, организиран криминал.Кога државата има страв од 10,15  крадци тогаш што можеме ние ! – вели Џевдет Даути с. Радожда.

 Жителите од подјабланичките села бараат да се воспостави мораториум  за сечење дрва на планината Јабланица додека не се воспостави план за управување кој нема да предизвикува неповратни штети по биодиверзитетот. Ваквото стопанисување предизвика велат ерозија, свлечишта, намалување на водостоите во вишенските извори.

Росица Голабоска