Ѕвездичките на Пинк ексклузивно на Алфа: Најдобрите финалисти и ново жири

Петтата сезона на Ѕвездичките на Пинк, која ќе биде насловена „All Stars“ започнува наскоро и во неа ќе учествуваат најталентираните млади учесници од претходните четири сезони, меѓу кои и нашитa Антониа Гиговска.

Оваа сезона, ќе биде поразлична и повозбудлива од сите останати, имајќи редвид дека ќе се натпреваруваат најдбрите меѓу најдобрите!

Нова измена во оваа сезона има и во жирито. На црвените столчиња ќе седнат Гоца Тржан, Леонтина Вукомановиќ и Милан Станковиќ, но и двајца нови членови: Кристина Ковкар и Наташа Беквалац.

-Времето ќе покаже дека ова ќе биде најсложното жири, бидејќи пред себе ќе имаме, во една рака лесна задача, а тоа е да не кажуваме груби зборови или лоши критики бидејќи ова се суперфиналисти. Единствено што може да им забележиме е минимално па нема да имаме големи проблеми, вели Леонтина.

Милан пак, смета дека треба малку поинаку да се постават кон учесниците.

-Оваа година ќе видиме колку напредувале најдобрите учесници. Да видиме дали им требаат некои насоки. Мислам дека сега некокумина од нив можат да станат вистински тинејџерски ѕвезди, вели Милан.

Наташа Беквалац пак е навистина возбудена што ќе учествува во најгледаното детско музичко шоу.

-Кога ќе кажеме ѕвезда или ѕвездичка, тоа не подразбира дека тие треба само убаво да пеат. Да се биде ѕвезда или ѕвездичка треба да се поседува еден цел ппакет-аранжман. Ќе видам како се однесуваат на сцена, ќе ја забележам нивната енергија, харизма…вели Беквалац.