Ѕвездата на Ливерпул се соочува со голема суспензија поради спортско обложување

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ се соочува со сериозна казна. Фудбалерот може да биде исфрлен од фудбалот за период од 6 месеци, ако биде докажано дека тој ги прекршил правилата за обложување на Фудбалската асоцијација на Англија.

Страриџ има рок до 11 февруари да одговори на сите обвиненија поднесени во ноември.

Напаѓачот веќе го обезбедил својот личен телефон на истражните органи, кои треба да утврдат и дали Стариџ обезбедувал информации на трети лица во врска со свој трансфер во јануари оваа година.