Ѕанакопулос: Грција со договорот од Преспа врати скапоцен дипломатски капитал во регионот

Мислам дека ни најголемите оптимистите не можеа да очекуваат, за толку мал временски период да имаме толку важни позитивни резултати од Договорот од Преспа, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за весникот „Неа селида“.

Тој додава дека Грција за неколку месеци успеала да додаде нов сојузник на Балканот, но и „да врати скапоцен дел од нејзиниот дипломатски капитал за вистинските дипломатски прашања во регионот“.

-По големиот пораз на национализмот и квазипатриотизмот и од двете страни на границата, Грција го надгради нејзиниот углед во цела Европа и создаде соодветен терен за голем грчки инвестиции во Македонија“, истакнува портпаролот на грчката Влада, а како карактеристичен пример го споменува бизнис интересот на првиот форум одржан пред 15 дена во Скопје.

МИА