Ѓурѓај за Алфа: Софија прави се за да се појават Бугари на пописот во Албанија
Цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари алармира претседателот на македонското здружение Илинден, со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тој повикува граѓаните да се попишат како што се чуствуваат и да не “паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари. Ѓурѓај вели дека нашинците во Албанија живеат во страв и дека јавните закани може да ги обесхрабрат Македонците затоа што живеат во посиромашни региони.
“И пред и после пописот заканите од бугарските институции се зголемени.Поради тоа што сите пописи во Албанија нема изјаснети граѓани како Бугари.И оти сега се засили да на овој попис да излезе некаква бројка.Они не бираат стедства, пасоши делат помош и тоа го прави држава што е во ЕУ, и тоа сите го гледаат за жал и сите ќутат.Има луѓе кои за тие пасоши даваат и по 10.000 евра и луѓето за спас од сиромаштија прават се ” вели Никола Ѓурѓај.
Каде беше Бугарија кога не беше во ЕУ, за да ги придобие овие граѓани прашува Ѓурѓај. Тој ги повика македонските и албанските власти итно да преземат мерки и повеќе да се грижат за Македонците во Албанија.
“Ние ги информиравме албанските и македонските институции треба да знаат што се случува и се надеваме дека ќе помине добро пописот и дека луѓето знаат кои се и што се“ порача Ѓурѓај.
Македонците од Албанија не се на продажба, порачаа и од Oбединетата Македонска Дијаспора.Од таму изразија голема поддршка за пописот во Албанија, и велат дека Македонците немаат цена. Дека бугарските провокации не запираат докажува и последната закана на претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов кој на Македонците во Албанија им порача, ако не се попишат како Бугари ќе останет без пасоши.Минатата недела пак, потпретседателката на Бугарија Јулиана Јотова беше во посета на област во Албанија населена со Македонци, за да отвори бугарско училиште.