„Ѓубре предизвик“ се шири со енормна брзина, луѓето чистат плажи, улици и паркови (Фото)

Во изминатите неколку години се појавија некои невообичаени предизвици по социјалните медиуми. Најактуелени  до сега беа предизвикот на „Брдбох“ и  „немономијата” – интернет шега, која ги охрабри учесниците да пијат смешни количини алкохол.

Ниту еден од овие вирални трендови не направи никаква смисла. Убаво е да се види нешто позитивно за промена – дури и ако тоа го истакне фактот дека луѓето, за жал, не можат да ги соберат сопствените ѓубришта.

“Ѓубре предизвик” или #trashtag ги повикува луѓето од целиот свет да ги расчистат плажите, парковите, улиците каде што живеат, и ова да го направат пред овластени лица да дојдат и да исчистат.

Многу луѓе, исто така, вклучија објаснување зошто чистење на површините на природниот пејзаж е толку круцијално за местото во кое што живееме.

Еден учесник во овој предизвик објаснува: “Тоа е едиствениот надворешен свет што го имаме, сите ние го користиме за многу различни работи, но тоа е единственото место што го имаме. Затоа, сите да го направиме својот дел и да го третираме местото каде што живееме со почит“.

„Ајде да ги собираме отпадоците позади нас. Ви требаат само неколку минути да соберете нешто позади вас, а тоа добро дело ќе трае многу повеќе“, додаде тој.