Ѓорѓиевски: Град Скопје не блокира на секој чекор
Долго време, речиси не постои соработка со Град Скопје, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во неделното интевју на „Радио Слободна Европа“. Ѓорѓиевски смета дека „Комунална хигиена“ треба да се расформира а ингеренциите да преминат кај скопските општини. Со тоа, според Ѓоргиевски, Скопје ќе добие подобра хигиена, а ќе се избегнат и партиските вработувања.