Ѓорѓевски : Ако СПЦ донесе препорака и се прогласи МПЦ-ОА за автокефална, Вселенскиот Патријарх ќе издаде Томос

Доколку СПЦ до завршување на Саборот донесе одлука и официјално и предложи на Цариградската патријаршија да ја прогласи МПЦ-ОА за автокефална црква, на Вселенскиот патријарх му преостанува само да премине кон чекорот за издавање Томос. Познавачите на црковното прашање сметаат дека таквата препорака освен што нема да остави можност за одолговлекување, ќе го реши и конечниот статус на македонската црква. 

Доколку таква одлука уследи во Вселенскиот Патријарх ќе биде олесното бидејќи мајка црква дава предлог МПЦ да стане автокефална… Доколку не уследи таков предлог ќе влеземе во една фаза на неизвесност кој не знаеме колку ќе трае вели БРАНКО ЃОРЃЕВСКИ – новинар, познавач на црковното прашање..

Бранко Ѓорѓевски објаснува и дека за одлуките во православниот свет не е потребен консензус, па доколку евентуално Бугарската православна црква се спротивстави на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, тоа не треба и не може да влијае на конечната одлука  на Вселенскиот патријарх.

Доколку уследи таков предлог не би очекувал отпори од другите православни цркви. Имате чиста ситуација во која мајка црква дава предлог за автокефалност на својата ќерка црква. И тој предлог оди до Вселенската Патријаршија и тие го ставаат во финално решавање- вели БРАНКО ЃОРЃЕВСКИ – новинар, познавач на црковното прашање.

Комисијата за односи со верските заедници го поздрави заедното богосложување со Српската православна црква и потенцираат дека ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија

Разрешувањето на македонското црковно прашање е процес во кој верниот македонски народ и црковниот клир со децении се соочуваат со безброј предизвици, препреки, неправди и понесуваат голема жртва, но во светло на конечното препознавање на канонската исправност и автокефалниот статус од православната екумена, патот на македонската црква говори за нејзината длабока и древна духовност која повеќе од милениум го чува светото црковно предание, велат од Комисијата.

Високи црковни извори уште пред неколку дена за Алфа открија дека МПЦ-ОА и СПЦ веќе се имаат договорено за доделување автокефалност, а автономијата е само преодна фаза, како што налагаат канонските правила. Ова веројатно би значело дека Цариградската Патријаршија до крајот на мај би ја добила препораката за афтокефалноста, неспосредно пред заедничкото сослужување на македонскиот архиепископ Стефан со вселенскиот патријарх Вартоломеј, закажано на празникот Педесетница, на 5-ти јуни, во Цариград.

Викторија Миткова