Ѓорчев: Парализата на институциите и неспособноста на Владата ги чини граѓаните 200 милиони евра годишно

Време е за разрешувања во вашата влада, имате најмногу министри а најлоша економска состојба- катастрофален раст и капитални инвестиции, лоша проекција на БДП, го прозва пратеникот Ѓорчев премиерот, на денешната седница за пратенички прашања.

Зошто нема истрага за сериозните наводи за полнење на гласачките кутии за референдумското гласање, бараше одговор Ѓорчев.

Заев реплицираше: инвестиции имало, неколку стотици проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Ѓорчев незадоволен од одговорите, обвини дека власта спроведува селективна правда и неправда. Пратеникот Стојан Миланов, кој пред две недели не гласаше за уставни измени, рече Ѓорчев, завчера доби кривична пријава.

И одолговлекувањето на изградбата на клиничкиот центар беше тема на дискусија. Премиерот се правдаше, се барало соодветна локација, а се анализирало и Бардовци како потенцијална можност.

Во врска со наводите за полнење кутии, Заев ги повика институциите треба да постапат според закон и ако има такви појави да има и казни и одговорност.

Искра Коровешовска