„Ѓеорѓија Кастриот – Искендер, крал на Епир и Македонија, втор Александар Македонски“, научна академија во Прилеп
„Ѓорѓија Кастриот – Искендер за Македонците е православен Македонец, за Албанците – Ѓерѓ Кастриот – Скендер беу е Албанец, муслиман“ .Различното читање на историјата, а која пак по многу нешта ни е заедничка на Балканите, во однос на овој лик, не треба духовно да ги вознемирува Албанците, вели претседателот на СМК, Тодор Петров.
„Еве, официјална Софија тврди дека Искендер е Бугарин. Како што за Македонците тврдат дека се Бугари. Впрочем, кога се промовираше Македонската енциклопедија, заради протестите на Албанците беше повлечена од продажба. Наредниот ден, Албанците во Тетово беа со црни маички на кои беше аплициран ликот на Александар Македонски и околу него натпис „Македонски илирски фаланги“. И тие сами кажаа дека се Македонци-Илири по потекло. И затоа штом претендираме на исти корени, треба да негуваме повеќе мир и љубов меѓу нас со сите разлики, независно од актуелната гео-политика“, – посочува Тодор Петров, претседател на СМК.
Ние ја почитуваме и волјата на Албанците кои сметаат дека Кастриот бил Албанец, но неоспорен е фактот дека тој бил православец кој е погребан во православна црква во Албанија, појаснува Петров, кој не очекува дека ваквите македонски тврдења можат дополнително да ги разнишаат меѓуетничките односи помеѓу Македонците и Албанците во Македонија.
На ист став е и претседателот на Здружението „Басилеј“, Милан Јовчески, според кого барањето на историските корени дека Ѓорѓија Кастриот бил Македонец, всушност е само потврдување на она што веќе го докажала историјата, како и бројни еминентни светски историчари.
„Сакаме да иницираме и да потсетиме дека во 2006 година не беше за џабе првата Научна академија, туку сега поттсетуваме и кажуваме и ги бараме историските корени дека Ѓорѓија Кастриот – Искендер е Македонец. Сега некои за жал кажуваат дека не е, ама има еминентни стручњаци кои се занимаваат со таа проблематика и кажаа, потврдија, а и се уште потвдруваат дека Кастриот е Македонец“, кажа Милан Јовчески, престедател на Здружението „Басилеј“ од Прилеп.
Инаку, ова е втора Научна академија, по пауза од 16 години на тема „Ѓеорѓија Кастриот – Искендер, крал на Епир и Македонија, втор Александар Македонски“, која се одржува во Прилеп. Следната Научна академија ќе биде во април, наредната година, а ќе биде посветена на Македонецот Аристотел, истакнуваат од Здружението „Басилеј“.
Каролина Дурло