Шумите на Осоговски планини под закана за уништување

Исушени стебла и гранки. Вака изгледаат шумските појаси над Кочани. На над 800 хектари шума на Осоговските планини и се заканува целосно уништување. Колонии од гасеници на штетниот инсект Боровт четник безмилосно ги напагаат дрвјата стари и по половина век. Дека состојбата е алармантна потврдуваат и од Македонски шуми, од каде што велат дека будно ја следат состојбата со штетникот.

За разлика од кочанскиот,во штипскиот регион шумите се чисти од боровиот штетник. За да се заштитат боровите појаси потребно е рачно чистење на штетникот, а во акциите да се вклучат сите, алармираат екологистите.

Во кочанскиот регион каде состојбата со боровиот штетник е и најалармантна последен пат авионско третирање е извршено пред осум години.

Александра Ристевска