Шумахер јуниор ќе тестира за Ф1 тимот на Алфа Ромео

Мик Шумахер ќе дебитира во светот на Формула 1 на тестирањата за млади возачи кои ќе се одржат на стазата во Бахреин, по трката од шампионатот.

Ауто Билд тврди дека договорот меѓу тимот и малиот Шумахер е речиси завршена работа, а шоферот на Према кој ќе вози во Формула 2 шампионатот смее да тестира за Алфа Ромео бидејќи има право на Ф1 Супер лиценца.

Ова ќе биде второ искуство на 19-годишниот Шумахер во Формула 1 болид, откако во 2017 влезе во легендарниот шампионски болид на неговиот татко Михаел, Бенетон Б194.