Штрајкуваа па ги казнија – Скратени плати за вработените во една од штипските градинки

На воспитувачките и негувателките кои три недели штрајкуваа, за тој период  да им се платат само придонесите од плата утврдени со посебни прописи на најниска основица.. ваква одлука е донесена во една од двете штипски градинки. Во Астибовата се уште калкулираат, а „Вера Циривири Трена„ е веќе на огласна табла. . Со оваа платите за месец април според некој пресметки на негователките би им биле покуси за околу 8000 денари, а за воспитувачките 12.000 денари. Парите можат да си ги барат од организаторот на штрајкот, во случајот СОНК. Одлуката е објавена вчера и стапува на сила веднаш. Дел од вработените кои штрајкуваа не сакат јавно да зборуват пред камера. Велат за нив  ова е забивање нож во грб на најнезаштитените и тоа во време кога се седнува на преговарачка маса.  Ваквата одлука ја коментираат како уште една од низата притисоци и уцени кои ги имале изминатиот период. Директорката на градинката Софка Атанасова, децидна. Ваков допис од Министерството за труд и социјална полтика имат добиено уште додека траел штрајкот. Сепак признава дека пресметката за плата се уште не е почната и ќе се стрпат до понеделник, за да видат дали ќе се промени ништо. И од регионалната организација на СОНК се запознаени со случајот.

 „ Запознати сме со случајот. Не е само во Штип ! Вакви одлуки има и во други институции ширум државата. Ќе  видиме како денес ќе се одвиваат преговорите. Ќе настојуваме за решавање на проблемот. Доколку ништо не се одлучи, ќе бидеме принудени да преземеме други чекори! Мора да бидеме солидарни со колегите! Ова се големи притисоци, посебно во ваква економска криза. ПОрачувам директорите да не се впуштаат во вакви дејствија, преговорите се уште се во процес„-вели Маријан Костадиновски, претседателот на РО на СОНК.  што ќе се случува денес,ако ништо не се договорат.

Солидарност од директорте побара и првиот човек на Штип. Ваквиот чин од страна на Министерството за труд и социјална политика го окфалификува како крајно несериозен и дрзок.

„Во едно време кога имаме инфлација на дневна основа да се остават луѓе без никаков надоместок е крајно неодговорно и несериозно од централната власт. Од Министерството за труд и социјална политика пред се имајќи го фактот дека во преговорите со СОНК еден од условите да се стави штрајкот во мирување беше да се исплати во целост платата што треба да јаа добијат вработените во градинките. Сега гледаме нешто друго и преставниците на централната власт не си стојат на договореното„-изјави Иван Јорданов, градоачалник на Штип.

На наредната седница на Совет ќе се разгледува и предлогот, родителите за месец април да бидат ослободени од партиципација, а за деновите кога децата биле згрижени да плаќаат по 71денар.

Александра Ристевска