Штрајкот е затворен, преговорите завршија – негувателките ќе добијат цели плати, одлучија надлежните

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот. Ова е епилогот по последната средба меѓу СОНК и труд и социјална политика. Сите страни одлучија дека штрајкот е затворен и маратонските преговори завршија. Вработените од претшколска возраст можат да здивнат, ќе добијат цела плата.

Од СОНК објаснија дека спорна била исплатата на дневниците во детските градинки кои штрајкуваа, но со измената на Колективниот договор, регулирано е и ова право на вработените да биде регулирани, зашто не било во ред да им се скрати платата.

  • Денеска го заокруживме процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП. Она што беше како спорно, исплатата на дневници на вработените во градинките кои штрајкуваа, денеска со измена на колективниот договор во тој дел го регулиравме и тоа право на вработените. Сметавме дека од разни причини се дискриминирани, не беше во ред ним да им се скрати од палтата. Сметам дека покрај оние договорени 15% и отпочнување преговори за нов колективен договор, овој процес на штрајk и преговори со МТСП e затворен, рече Неделков.

Министерката Јованка Тренчевска по средбата изјави дека до крајот на мај ќе биде донесен новиот Колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки. Платите за негувателките ќе бидат исплатени откако одлуката ќе помине во Службен весник.

Тренчевска појасни дека овие измени и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.

  • Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.

Инаку СОНК веќе постигна договор со образование за 15% зголемување со септемвриската и уште 3,4% со јануарската плата. Синдикатот договорил и да учествува во креирањето на буџетот за следната година. Ќе се преговара и за постојан раст на платите во корелација со растот на БДП и инфлацијата која во април се искаци на 10,5%.

Борис Грујоски