Што поскоро прогласување на Шара за национален парк за спас на нејзиното уништување

Што поскоро прогласување на Шар Планина за Национален парк, ќе го спаси овој прекрасен масив од бессрамното уништување, кое трае со години. Планината е соголена од дива сеча, има бројни дивоградби и патишта и незаконски лов.Планинарските клубови апелираат овој природен ресурс да се заштити, за општо добро на сите.

Иницијативата за прогласување на Шара за национален парк трае десетина година,и никако да влезе во законска процедура.Но, што повеќе се пролонгира, последиците од уништувањето на планината ќе бидат катастрофални.

Од одржливото управување со Шара, придобивките ќе бидат големи за сите.Како за локалното население, така и за развој на туризмот и привлекување на што повеќе туристи.Планината ќе биде сочувана, како и сиот животински и растителен свет, а државата и локалното население ќе имаат економски бенефит.