Долгогодишното барање на штипјани за градски превоз конечно станува реалност. Од утре во Штип во погон се ставаат седум автобуси кои ќе се обраќаат на шест линии. Граѓаните задоволни,велат ова значително ќе им помогне во планирањето на домашниот буџет. Наместо со такси како што досега беа принудени, сега одењето на работа или на училиште ќе им биде многу поевтино

 „Добро е што сега за помала сума на пари ќе може да се превезуваме…полесно ќе биде бидејќи ќе има олеснување на домашниот буџет„ велат граѓаните.

Набавката на шесте модерни и еколошки автобуси, општината ја чинеше 50милиони денари, дополнително во функција ќе се стави и уште еден автобус , кој општината претходно го има набавено. Освен низ градот, ќе сообраќаат и до приградските населби како и до соседната оптина Карбинци. Миле Јорданов е еден од шоферите кој од утре почнува со работа

 „Имам 15години искуство. Сум возел и по Европа. И јас и колегите сме со долгогодино искуство и мислам дека ќе бидеме безбедни возачи на патниците„ изјви Миле Јорданов, возач на автобус.

 Првите три дена градскиот превоз ќе биде бесплтен за сите, а потоа од плаќање на билети ќе бидат ослободени учениците, децата до 5години и лицата со попреченост и инвалидитет.  На сите постојки ќе бидат објавени мапи и информации за активните линии.

„ Во исто време се работи на мобилна апликација која ќе ги содржи сите информации за опинскиот линиски превоз и која преку ГПС ќе го следи движењето на автобусот и граѓаните ќе имаат увид за колку време возилото ќе биде на одредена постојка„изјави Панче Стефановски, директор на ЈП„Стипеон„

Билетот за градски превоз ќе чини 30денари, а за приградските населби и Карбинци ќе се движи од 35 до 90денари во еден правец. 

Александра Ристевска

Advertisements