Штип добива прва фазантерија во регионот

Во штипското село Судиќ ке се гради првата фазанерија во регионот. Сите подготовки за старт на градежните активности што треба да стартуваат во септември се веќе завршени. Покрај фазани во репроцентарот ќе се одгледуваат и подмладоци на други видови на дивеч.

Состојбата со еребицата е на граница на истребување на овие простори, поради што нејзиното зачувување е повеќе од потребно. За да се зачува од ловното здружение размислуваат за воведување забрана за нејзин отсртел.

Ловниот дом во чии рамки ќе функционира и репродуктивнмиот центар ќе се гради со средства од донатори, ловџии од странство, но и со сопствени средства на здужението.

Александра Ристевска