Штип ги чека парите кои државата ги распредели по општините откако ТАВ се откажи да гради карго аеродром

Штип се уште ги чека парите кои државата ги распредели по општините откако ТАВ се откажа да гради карго аеродром.  Средствата од околу 1.200.000евра што треба да ги добие Штип, се наменети за изградба на Водоводна линија 2 која ќе го реши водоснабдувањето во високите зони во градот, но и на индустриските зони

  „Најголем дел од општините веќе ги имат добиено средствата, дел од проектие практично се и завршени. Општина Штип се уште бара информација до каде е проектот „Линија2„ . Еве да кажам постојано комуницираме за да видиме дали имаа дополнителна информација во врска со овој проект. СЕ уште немаме фирма којашто ќе го започне овој проект. Се надевам дека час поскоро , заради интересот на граѓаните Линија 2 ќе започне„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

За избор на фирма изведувач не е предвидено распишување на тендерска постапка, туку изведувачот директно склучува договор со ТАВ. Единствено објаснување што штипската локална самоуправа го добива е дека се уште се преговара со потенцијална фирма . Средствата треба да се искориста до крајот на годината, објаснува Јорданов, посочувајќи дека тие како општина нема да дозволат да пропаднат парите.

„Ние ќе го следиме процесот. Нема да дозволииме такво нешто . Ова не следува и покрај тоа што како општина сме оштетени. Не верувам дека граѓаните ќе го дозволат тоа. Затоа го комуницирм гласно за да направиме притисок и средствата што се предвидени за Штип да бидат реализирани, затоа што е во интерес на граѓаните

 Водоснабдувањето во Штип е сериозен проблем. Поради старата и дотраена мрежа често се случуваат дефекти, а половина град  речиси останува без вода. За да се реши проблемот  локалната самоуправа спас гледа во парите од самопридонесот, како и во средствата што им ги вети ТАВ и Владата. 

Александра Ристевска