Штипјани преку пораки за паркинг ќе собираат пари за донации
Кога државата потфрла, граѓаните се мобилизираат. Секојдневно за лекување на деца и возрасни во странство, рака подаваат граѓаните. Наместо пари од системот, илјадниците евра потребни за да се спаси човечки живот се обезбедуваат со донации и хуманитарни акции. Штипјани повторно на дело ќе ја покажат својата солидарност. Од денеска дел од паркинг наплатата ќе завршува на сметка на Солидарниот фонд, општинско тело кое финансиски ќе помага на оние штипјани на кои помошта им е нај неопходна. Штипското претпријатие „Стипеон„ је активираше хуманитарната зона-Х1.
- „Цел ни е да покажеме дека Штип е град на солидарноста, град на хуманоста. Треба да ја подигнеме свеста на граѓаните да ги користат овие паркин позиции, како и да ја актуелизираме потребата од Солидарен фонд„ изјави Панче Стефановски, дир.на ЈП„Стипеон„-Штип
На различни локации во градот креативно ќе бидат одбележни 131 паркинг место. Картата за паркирање на овие места ќе биде поскапа. За нив ќе се наплаќа 30денари за првиот и по 30денари за секој нареден час. Граѓаните ќе плаќаат преку СМС-порака, а на овие места нема да важат повластени месечни карти.
- „Со користење на овие паркинг позиции,граѓаните ќе донираат во Солидарниот фонд, а потоа овие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од најранливите категории, како и за итни случаеви на кои им е потребна итна финансиска помош„ изјави Панче Стефановски, дир.на ЈП„Стипеон„-Штип
Идејата формирање на Солидарниот фонд во Штип, се иницираше пред шест години по големата хуманитарна акција кога градот се сплоти и обезбеди 40.000 евра за малата Валерија се лекува во странство.
Александра Ристевска