Штипските населби повторно без вода, градоначалникот дециден: По секоја цена ќе се распише референдум

Цистерни со вода за пиење од утринава кружат низ штипските населби кои и денес се без вода. Ова е втор пат во рок од три дена граѓаните да се со суви чешми. Само во првите неколку часа се поделени 2 тони вода за пиење.

Екипите на ЈП Исар се на терен. Со багери се копа голема дупка за да се дојде до дефектот. Претходно десетина часа се испоупувала водата што направила мини езерце откако пукнала главна цевка. Честите дефекти на водоводната мрежа е горчлив проблем за градот. Единствено решение е  парите од самопридонесот да се пренасочат за целосна реконсатрукција на мрежата која е стара повеќе од триесетина години.

“По секоја цена ќе распишеме референдум, затоа што ова не се издржува, на дневна основа да имаме дефекти и да имаме нервози кај нашите сограѓани.  Решението на овој проблем е да се излезе на референдум и да се искорисатат парите од самопридонесот“-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според претпоипставките на надлежните дефектот ќе биде саниран и во текот на ноќните часови водоснабдувањето во градот ќе се нормализира.  

Александра Ристевска

Поврзани вести