Шпанската легенда ја заврши кариерата

Поранешниот фудбалер на Атлетико, Ливерпул, Челзи и шпанската репрезентација Фернандо Торес на Твитер го објави своето пензионирање.

– Морам да објавам нешто многу важно. По 18 неверојатни години, дојде време за пензионирање. Следна недела, 23-ти јуни во 10 часот по локално време во Токио, ќе се одржи прес-конференција, при што ќе ги раскажам сите детали. Се гледаме таму, – напиша 35-годишен фудбалер.

Торес е светски шампион со репрезентацијата на Шпанија и двократен европски шампион, освојувач на Лигата на шампионите во Челзи, како и победник на Лига Европа со Челзи и Атлетико.

За време на неговата кариера одигра 706 натпревари во кои постигна 252 гола и ствари 73 асистенции.