Шопинг треска за попусти – во Америка се тепаат да купат поевтино, кај нас повеќе шетачи отколку купувачи

Реални попусти или маркетиншки трик со купувачите?! „Black Friday“ 6-та година по ред ги полни трговските центри и во Македонија. За разлика од светот каде има огромни попусти, кај нас очекувањата далеку од реалните.

Гужва и турканици, но и колони возила пред големите трговски центри – сите брзаат да купат нешто поевтино. Еве дел од атмосферата…

Камерата на Алфа направи обиколка во еден од големите трговски центри, каде можеше да се забележи голема еуфорија. Гужва има, но колку граѓаните купуваат и вистински веруваат во попустите. Велат тие не биле ни приближно како оние во светот.

Потрошувачите велат уште од утринава биле пред дуќаните. Газдите се свесни дека кај луѓето постои лоша слика за „Црниот петок“ и за попустите. Според менаџерите попустите биле реални. Велат дека граѓаните барем за сега тешко ќе доживеат американски цени. Објаснуваат – пазарот таму и овде се сосема различни. Тие прават се за да обезбедат ефикасна услуга за сите.

– Голем дел од сериозните брендови не дозволуваат да си играат со цените и да лажат. Мислам дека попустите се реални кај нас, и за разлика од минатото, сега сликата се подобрува, вели за Алфа менаџерот Марко Костадиновски.

Дека „Црниот петок“ во Македонија не е како во останатите светски метрополи, сведочат снимките каде јасно се гледа како луѓе буквално се тепаат за производ повеќе. Таму пред продавниците чекаат и по неколку денови.

Инаку „Black Friday“ потекнува од Америка. Следи по денот на благодарноста со традиција уште од 1952. година.

Борис Грујоски