Шокантни податоци: Македонската економија е 70 проценти увозно зависна

Македонија ги губи пазарите за традиционалните производи  од чиј извоз во државната каса се влеваа највеќе девизи.Згора на тоа, нашата држава има високо квалитетни производи, но мал капацитет затоа не можеме нити да постигнеме цена која би гарантирала стабилност на земјоделците, нити пак да понудиме доволно конкурентен производ на пазарите од конкурентните земји каде има голем прилив на производи-анализираат земјоделските експерти.Шоканти се податоците кои говорат колку Македонија е зависна од увозот.

  • Тоа е за мене застрашувачки, се оди на продукти кои имаат пониска додадена вредност затоа што се фармерите под многу помал трошковен притисок, но за државата по единица квадратен метар фактички повратокот е многу помал – вели Благоја Муканов–експерт за земјоделие.
  • Во зависност од увозот на производи во Макединија, лежи одговорот како ќе се движи во иднина инфлацијата. Звучи неверојатно, но македонската економија е зависно од увозот 70,92 % во 2022-ра година.Ова значи дека доколку некој сака да воведе санкции и да не може да се увезуваат одредени производи,автоматски се доведува во прашање отпушање на работната сила и затворање на компаниите вели Петар Кочовиќ-универзитетски професор.

Додека народот има за корка леб ќе молчи,но кога се’ ќе им дојде преку нос, луѓето ќе излезат на улица-вели Кочовиќ.Ако нешто што увезуваме поскапи, а поскапува се’ логично е дека и дома цените ќе растат.Македонија може процентот на увезена роба да го замени со домашна, но за тоа треба време.Со само 20 % извоз, Македонија сега да вложи и надчовечни напори не може да постигне ништо-децидни се експертите кои отврено кажуваат дека не веруваат во најавите за намалување на цените.

  • Никој не знае, за мене лично тоа се чисто шпекулации.Очекувам дека може ќе има некое стабилизирање но враќање на претходни цени, не.Она што очекувам е  можеби да не е толку рапидно зголемиувањето на цените .Знаете како, ние прво немаме доволен увид  што ни се случува рече Благоја Муканов–експерт за земјоделие.

 Многу малку се работи на анализа на податоците, методологиите на пратење на производството се делумно застарени,а за да креираме политика прво треба да знаеме каква е реално конктерната ситуација. Мислам дека нема увод за состојбите,завршува Муканов.

Росица Голабоска 

Advertisements