Шминка гром, говор лом: Погледнете го најлошиот говор во историјата на Оскарите (ВИДЕО)

Getty

На синоќешното доделување на највредните статуетки во светската филмска индустрија имаше повеќе интересни и некои помалку непријатни моменти, но шминкерскиот тим на филмот „VICE“ покрај Оскарот за нивниот мајсторлук во филмот за Дик Чени, ја заработи и титулата „најлош говор на Оскарите во историјата“.

Откако беше соопштено дека Грег Кенон, Кејт Биско и Патриша Дехани-Ле Меј го освоија Оскарот за најдобра фризура и шминка, ова трио се качи на сцената после што следеше говор за во аналите на лоши говори на доделувањето на Оскарите. Или, како што би рекле твитерџиите – добија уште еден Оскар за најлош говор за добиен Оскар во историјата.

Целиот трик кој овие магионичари за фризура и шминка (заслужен им е Оскарот, знаат оние кои го гледале „VICE“) се обидоа да го изведат беше да прочитаат 20-тина имиња на луѓе на кои им се заблагодаруваат. Меѓутоа, домашниот есап (и листа) на „пазар“ не секогаш излегува како точен.

Па така е секаде, дури и на Оскарите.

Погледнете и самите како изгледа ова дошепкување, преклопување, недочитување, една комплетна несинхронизација во говорот по добиениот Оскар. Ако беа вакви и во работата, немаше да им дадат Оскар туку ќе ги викаа „Пикасовци“…