Шкендија и Шкупи во Азербејџан, Ренова во Ерменија по второто коло во ЛЕ


Македонските фудбалски претставници во Лига Европа вечерва од 18 часот ја почнуваат летната квалификациска авантура.

Во Азербејџан се Шкендија и Шкупи, тетовските „Црвено-црни“ се среќаваат со Сумгаит, додека Чаирчани на мегдан одат со незгодниот Нефчи. Ренова, пак, гостува во Ереван, каде ќе ги одмери силите со Алашкерт, екипа која лани со високи 6-1 ја елиминира Македонија ЃП.

На прв поглед, само Шкендија е во блага фаворитска улога, па затоа не треба премногу да се верува во чуда, особено ако се знае дека се игра само еден меч, а истиот за сите наши екипи е на гостински терен. Минатата седмица, Силекс како претставник во Лигата на шампионите беше елиминиран од Карабах. Кратовчани се селат во Лига Европа, а својот противник за второто коло ќе го дознаат на 31 август.