Шеќеринска прв пат слуша дека во СДСМ имало анкета за претседателски кандидат

Министерката Шеќеринска во обид да избегне да даде коментар за информацијата што ја објави Алфа вчера, дека нејзиниот колега Оливер Спасовски води во внатрепартиските анкети за претседател на државата и тоа далеку пред неа. Посочувајќи на микрофонот на Алфа, помалку иронично одговори, но дури после неколку потпрашања.

Како што објави вчера Алфа повикувајќи се на партиски извори, Спасовски бил прв меѓу членовите и симпатизерите, пред министерката, но и пред Никола Димитров. Според Шеќеринска темата за шефот на државата  допрва ќе се дискутирала во партијата претстојниот викенд.

Интересно беше што на новинарско прашање дали би го поддржала премиерот како кандидат за врховен командат, не одговори директно. Само посочи дека „секој човек кој успеал да направи ѕвезда од Македонија на Балканот – во политичка смисла – заслужува премиерска, претседателска или било каква друга висока функција“. 

Но дали информациите за судир внатрепартиски,  а  и во владата, имаат основа? Шеќеринска демантираше, но сепак остана резерва – оти овој став е спротивен од она што го изјави синоќа нејзиниот партиски и владин шеф : премиерот.

Инаку дил-от меѓу коалиционите партнери, според наши извори е предлогот за консензуален кандидат за претседател сега да го даде СДСМ, а за возврат ДУИ да го добие началничкото место во Генералштабот, или пак првото столче во МВР. Последното се поклопува со информацијата за рејтингот и евентуална кандидатура на Спасовски , што би значело дека МВР останува без кормило.

А дали ќе го наследи ДУИ ќе се знае кога ќе бидат објавени кандидатите. 

Искра Коровешовскa