НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест украински војници загинаа во хеликоптерска несреќа на истокот на земјата

Шест припадници на украинските вооружени сили загинаа при пад на два хеликоптера.

Во соопштението на украинската војска се наведува дека војниците „биле убиени“ додека биле на мисија во близина на градот Бахмут на истокот на земјата. Не се дадени повеќе детали за смртоносниот инцидент во кој учествувале два Ми-8 хеликоптери на украинската војска.

Локалниот весник „Украинска правда“ објави дека инцидентот се случил во близина на градот Краматорск, западно од Бахмут – украински град заземен од руските сили каде и натаму продолжуваат тешките борби.

Двата хеликоптера, според „Украинска правда“, биле целосно уништени, а телата на шестмината војници биле пронајдени под урнатините на местото на несреќата.

Инцидентот, според украинскиот медиум, се случил под непознати околности.