Шест години од договорот со Бугарија – „пријателство“ и “добрососедство“ само на хартија

Пред шест години на денешен ден во Скопје се потпиша договорот со Бугарија.  

Први август 2017 година беше ден за прослава и ветувања. Тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов го славеа потпишувањето на договорот за пријателство со ветувачки пораки.

Одлучивме да гледаме на чашата како полуполна, а не како полупразна, рече Заев, а Борисов направи и проекција за иднината – по 10 години, резултатите ќе бидат видни за двете држави.

Шест години подоцна, Македонија се уште е надвор од ЕУ.  Бугарската блокада во Брисел ја зголеми нетрпеливоста меѓу двата народи.  Македонија и Бугарија веројатно станаа единствени две држави во светот, кои за време од само две децении склучија дури три меѓудржавни договори. Првиот од 1999 година, вториот од 2017 и третиот од 19 јули 2022, преточен во т.н. Француски предлог. Актуелниот Француски предлог за деблокада дополнително ги поларизираше двете јавности.

Advertisements