Шестмина загинати во железничка несреќа во Данска

Во железничка несреќа што се случи на мост во Данска загинаа шест луѓе, изјави претставник на Данската државна железница (ДСБ).

Несреќата се случи кога патнички воз што сообраќал кон Копенхаген удрил во товар што испаднал од товарен воз.

Железничката несреќа се случи на мостот Сторебелт, кој ги поврзува островите Сјеланд и Фин. Поради инцидентот мостот е затворен.