Шекеринска во Вашингтон: Добивме поддршка и честитки за лидерството, партнерството со САД продолжува

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ја завршува посетата на Вашингтон. Последниот ден од посетата таа имаше средби со конгресмените Мајк Тарнер и Адам Смит, на кои беа повторени пораките на поддршка за членството на Македонија во НАТО.

И со конгресмените Шекеринска зборуваше за потребата од забрзување на ратификацијата на Протоколот за членство, за што поскоро успешно заокружување на процесот на пристапување на Македонија како 30-та земја членка на НАТО.

„Тоа е важно не само за нашата земја туку за безбедноста на целиот регион и ќе ја прошири пораката низ целиот Балкан – дека со соработка и решенија на проблемите, просперитетот е загарантиран“, рече министерката.

МИА