Шаќири тврди дека 80% од учебниците се испечатени, ама никако да стигнат до учениците, промашено првото полугодие

За да им се олесни образовниот процес на учениците им требаат книги, а не да чекаат матерјали кои наставниците им ги праќаат преку социјалните мрежи, за потоа родителите да им копират – тоа е недозволиво вели директорката на едно од најголемите основни училишта ,охридското “Христо Узунов”. Минатата недела,вели таа добиле учебници по македонски јазик и математика само за 4-то одделение и ништо повеќе. Од прво до петто одделние имаме дефицит на учебници, а немаме никаква информација дали и кога ќе стигнат.

Ние сеуште немаме никаков допис кога би стигнале, само знаеме од она што го читаме на порталите дека учебниците ќе се испорачаат,но сеуште немаме учебници за нашите ученици.

Ѓоргоска проговори и за тоа во каква состојба се учебниците кои го користат учениците од шесто до дететто одделение.

И мислам дека и учебници за погорните одделенија треба да има нови, бидејќи нарачуваме и долг период се користат истите учебници кои веќе треба и да се променат бидејќи фалат страни, делови од учебниците и треба на учениците да им излеземе во пресрет.

Градоначалникот Пецаков децидно, треба вели серизно да се вложува во образованието, а не да се прават експериметни како оној лани кога беше актуелна идеата за дигитални учебници.

Ситуацијата е таква каква што е и е слика и прилика на она што СДСМ и оваа Влада го прави со обазованието веќе 5-та година. Ако се сеќавате имаа една година “одлична идеја”, реформа во образованието која што помина катрастрофално на јавната расправа во Собрание.

Министерот Јетон Шаќири уверува дека 80 % од учебниците биле испечатени,а дека за останатите 20% не можеле да се усогласат националниот совет за учебници и Бирото за развој на образование.

Росица Голабоска

Advertisements