Шаќири: Во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците

Ги најавија за октомври, не стигнаа. Сега велат ќе бидат готови во ноември, што е тешко за верување. Учениците од основните и средните училишта го завршија првото тромесечије без учебници, поради неажурноста на Министерството за образование и Владата.

Помина првото тромесечие а дел од основците и средношколците се уште немаат учебници за некои предмети. Откако ги пробија сите можни рокови, надлежните си задодоа нов – ќе почнеле да се печатат во номеври. Во меѓувреме децата и нивните родители се снаоѓаат како знаат и умеат, со скрипти и фотокопирани матријали.

  • Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И гледам позитивна енергија во ова. И затоа јас уште, пак ќе кажам, ние се подготвуваме и Советот кој го најавив каде се вклучуваат многу институции е за да ги поврземе институциите, да ги имаме податоците, да знаеме како можеме да го решиме тој проблем кој е долгогодишен, рече Шаќири.

Од Министерството за образование се правдаат дека станувало збор за „гломазен“ процес, но не кажуваат зошто не ја започнале постапката со време.

  • Што се однесува за недостатокот кој е и од претходниот период, не е само од овој осум месеци, е подолг недостаток. Според сите буџетски средства што ги имаме на располагање завршена е и постапката за економскиот оператор, рече Шаќири.

Учебниците доцнат речиси секоја година, а овој пат доцнеа и свидетелствата. Така уверенијата за завршена учебна година беа доделени дури во септември.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести