Шар Планина прошарана со депонии

Една од најубавите месности на Шар Планина, Лешница, се повеќе наликува на депонија наместо на предел со кој ќе може да се пофали новоформираниот национален парк.  Се почести се сликите од таму со оставен смет.

Од планинарските клубови велат дека тоа е резултат што државата не ги послуша нивните аларми дека планината се уништува со правење на диви патишта за сеча на шума.


„Се отворија голем број пристапни патишта што сега се користат од приватни возила од џипови, од полесни коли и така да за среќа или за жал се повеќе луѓе одат на планина. Меѓутоа интензитетот на посетеност не ја следи културата на планинарењето“ – вели Александар Стојановски од ПК Јелак.

Сега секој и во секое време оди таму но и остава ѓубре.


„И така сега веќе длабоко во планината на места каде што сега требаше 4-5 часа да се пристигне пешки, и тоа беа спремни да го прават само оние што се спортисти, планинарите, аматери, љубители на планината, сега тие места се лесно достапни за излетници. Со тоа тенденцијата за загадување на планината е загадување на планината е зголемена
“ – вели Стојановски.

И во најразвиените земји нема служба која собира смет по планини. Тоа треба самите да го прават тие кои ја посетуваат планината.


„Сите оние ѓубришта кои се носат нагоре, сепак мора да ги вратиме дома онаму од каде сме го донеле, а не да ги оставаме во планините.  Она што најмалку може да направи националниот парк во овој момент е да постави ренџери на овие места, некоја си контрола, која што ќе казни дел од планинарите кои ќе го остават тоа ѓубре, за да понатаму нели имаме некое казниво дело кое понатаму ќе биде пример другите да не го прават ова“ – вели Снежана Новаковска, ПК Тетек

Статистиката вели дека една третина од отпадот што се прави во Македонија, завршува надвор од депонии. Голем дел од таа количина завршува по планини по реки и на места каде што не припаѓа.

Александар Самарџиев