Шаренило од маски – „Скопје се смее“, априлијада на плоштад

Принцези, кловнови, буба-мари, спајдермен, бетмен, Мини и Мики Маус – шаренило од маски на плоштадот Македонија. Денот на шегата и годинава ги развесели и најмалите, но и повозрасните. Секое детенце во својот омилен лик од цртаните или во некој супер херој. Маскирани беа дури и бебиња, но и дел од родителите на децата.

А дел од дечињата се сетиле и да се пошегуваат со врсниците, па дури и со своите баби. Среќата ја надополнуваа со прво – априлските маски, во комбинација со сончевото и топло време, кое беше совршена комбинација за ведро расположение и насмеани детски лица.

Плоштадот каде се одржува Априлијадата „Скопје се смее“ е поделен во зони каде има активности за посетителите, забава со маски, песни, игри. Иако е еден од најпопуларните интернационални празници, малкумина знаат дека времето за шеги е дозволено до пладне.

Возрасните биле подготвени за лага од пријателите или од семејството. Велат, ќе го искористат денот и тие да се пошегуваат со некого, но само денеска, односно на 1. април.

Инаку, традицијата за одбележување на први април е стара неколку векови и е еднакво раширена во целиот свет. Инаку не постојат точни податоци зошто 1 април се слави како ден на шегата. Според верувањата, обичајот да се шегуваме на овој ден потекнува од Франција од 14. век. До тогаш во Европа се употребувал календар според кој годината почнувала на 1. април.

Борис Грујоски