„Шарена војна“ на социјалните мрежи – Разоружана четата на партиските војници на власта

Инфлуенсерот и редовен критичар, Божидар Божиновски, ја разоткри целата провладина пропагандистичка машинерија откако самиот се најде на удар на ботовите и лажните профили на социјалните мрежи.

– „Во позадина стојат владини пропагандисти. Толку сум сигурен. Дали лично имаат желба да се светат и да кажат нешто или… Не би ги спонувал сега со име и со презиме, затоа што беа спомнати и ги знам дел, притисоци што вршеле. Приватно сум имал многу поздрави преку моите. Поздравете го, нека пази што пишува. Во таа смисла. Сите тие поздрави се во наводници добронамерни.“ – Вели Божидар Божиновски за Алфа ТВ.

Битката на социјалните мрежи започна откако според Божиновски, како што ги нарекува, провладините новинари Петрит Сарачини и Борјан Јовановски ургирале во една телевизија да биде укинат неговиот надворешен проект.

– „Сигурен сум дека имало притисоци. Дека имало расправии таму. Дали воопшто сум смеел јас да сум на телевизија или не сум смеел, затоа што ме сметаат дека ме плаќало ВМРО што нема врска и цела дебата било околу тоа.“ – Додава Божиновски.

Демант пристигна од Јовановски и од Сарачини кој побараа и јавно извинување, но, добија поинаков одговор од Божиновски, кој на Сарачини му порача дека се претставува како борец за слобода, со таква слобода што може само Заев и Ковачевски да се во право.

И тука, како што вели Божиновски, „му пукнал филмот“ и одлучил повеќе да не седи со вкрстени раце, туку да ја искористи својата влијателност на социјалните мрежи и да возврати на секој удар што му го нанесуваат, како што ги нарекува, „мекотелите на власта“.

Првиот контранапад Божиновски го спроведе во саботата, кога најави дека во наредниот период ќе ги разоткрие сите владини „ботови“ кои со години наназад преку лажни или „кодирани“ профили на социјалните мрежи ја шират владината пропаганда и вршат синхронизирани напади врз политички неистомисленици.

Прв на неговиот список се најде провладиниот активист Боби Илиевски, а со целосно име и презиме беше објавен и сопственикот на Твитер налогот „Сплинтер“, за кого Божидар тврди дека е главниот пропагандист на експремиерот Зоран Заев и на Бугарите. Фотографија и податоци беа објавени и за Твитер профилот наречен „Цене“, а на листата се отвори место и за братот на новинарот Сашо Ордановски, за Влатко Васиљ, Рубин Иваноски и внукот на Радмила Шеќеринска, Никола Наумовски – Никса.

Ваквиот негов потег дополнително ги разлути ботовите, веројатно под наредба, сите во исто време синхронизирано тргнаа во дополнителна дискредитација на Божидар. Па така, веќе цели два дена, на социјалните мрежи без престан го обвинуваат Божиновски дека бил алкохоличар, бидејќи, како што аргументираат, на секоја втора фотографија на Фејсбук позирал со пиво во раката.

Божидар засега го има деактивирано својот фејсбук прфил, за како што вели, да се смири рајата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста